ИНТЕРВЕНЦИИ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“ ВО КОЧАНИ

мај 4, 2023
1 минути

Во рамките на своите планирани активности за поправка и унапредување на водоводната мрежа, секторот водовод и канализација при КЈП “Водовод” Кочани во претходните неколку денови изврши повеќе интервенции според претходно утврден план и динамика.

На улица “Бел камен” во Кочани беше извршена промена на вентил на главна линија. Со ова ќе се овозможи при сопирање и други интервенции на главната линија за оваа улица, прекинот на вода да биде сведен на помал број на корисници.

Исто така на оваа улица извршена е промена на цевка од 30 м со f90, а воедно е направен испуст за периодично перење на мрежата со должина од 20 метри.

КЈП “Водовод” – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ