Спорт

ТОШЕ МАНОВ НЕ Е ПОВЕЌЕ ЧЛЕН НА ГФК „ОСОГОВО“!
По девет години поминати во клубот, одиграни 238 натпревари и постигнати 98 голови, од пред еден час Тоше Манов не е повеќе член на ГФК „Осогово“. „За овие години имавме прекрасна соработка па затоа сакам да ве известам да ја информирате спортската јавност дека не сум повеќе член на Осогово. По девет години поминати во…

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ПО ТРЕТИ ПАТ ПОБЕДНИК НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „ДРАГАНИЦА КУП“
Екипата на „Победа“ (Прилеп) е годинешниот победник на 19-тото издание на меморијалниот фудбалски турнир „Драганица Куп“ откако денес во финалето ја совладаа мошне добрата екипа на „Вихрен“ од Сандански (Република Бугарија) со резултат 1:0 (0:0). Во увертира на финалето во борбата за третото место домаќинот и воедно организатор на турнирот „Осогово“ ја совлада „Беласица“ (Струмица)…

ОДЛИЧЕН НАСТАП НА КГС „КОЧАНИ“ НА ПРВИОТ ТУРНИР ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ГИМНАСТИКА
Во саботата Скопје беше домаќин на првиот турнир од Државното првенство во гимнастика. КГС „Кочани“ настапи со 25 натпреварувачи од кои 17 во женска и 8 во машка конкуренција. Постигнати резултати: Женски Б програма Деца до 7 години Екипно прво место Поединечно: Јосифа Лазарова – прво место, Илина Тодорова – второ место, Ана Тодорова –…

„ОСОГОВО“ И „ГОЛЕМО КОЊАРИ“ ВТОРОЛИГАШИ, „ПРЕСПА“ ИЗВИСИ
Според информациите до кои што дојдовме, пред малку во просториите на ФФМ беше извршено жребување кои две екипи ќе останат во втората лига. „Осогово“ и „Големо Коњари“ ги посака среќата и следното првенство ќе играат во второлигашката конкуренција. Екипата на „Преспа“ не ја посака среќата, овој пат таа извиси. Да потсетиме во неделата беше објавено…

ЧЕТИРИ ИГРАЧИ ОД „ФУДБАЛ СТАРС“ ОД КОЧАНИ ПОТПИШАА ЗА „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ-БРЕРА“
Филип Митев, Никола Димитров, Тихомир Велков и Божидар Трајчов, играчи на „Фудбал Старс“ од Кочани – генерација 2010 со своите настапи го свртеа вниманието на фудбалските вљубеници. И сето тоа не остана незабележано од фудбалските скаути напротив деновиве со нив и нивните родители е разговарано и тие од есенскиот дел на првенството ќе играат во…

ЖФК „КОЧАНИ“ СО РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР ЈА ПРОСЛАВИ ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА
Со одигрувањето на ревијалниот натпревар помеѓу младинската и сениорската екипа ЖФК „Кочани“ ја прослави Шампионската титула, односно освојувањето на првото место во Втора Фудбалска Лига за жени и обезбедување пласман во Првата Фудбалска Лига за жени во следното првенство. На долгогодишниот капитен на екипата Симона Веселинова и беше оддадено посебно признание која ја заврши својата…

ТРОЈЦА БОРАЧИ НА „СПАРТАК“ УЧЕСТВУВАА НА ТУРНИР ВО СОЛУН ВО ГРЧКО-РИМСКИ СТИЛ
Тројца борачи на БК „Спартак“ – Кочани зедоа учество на Меѓународниот турнир во борење грчко-римски стил „Panagiotis Poikilidis – Iordanis Karageorgiou“ што се одржа денес во Солун (Еепублика Грција). Во конкуренција на 180 борачи од Македонија, Грција, Бугарија, Србија и Романија борачите на „Спартак“ освоија едно трето место. Бронзениот медал го освои Филип Ангелов во…

„БЕСА“ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“, „ПРЕСПА“ И „ГОЛЕМО КОЊАРИ“ СЕ ВТОРОЛИГАШИ
По денешниот бараж натпревар за влез во Прва Фудбалска Лига во кој екипата на „Беса“ беше совладана од „Башкими“ 0:2, на својата ФБ страна клубот „Беса“ излезе со официјално соопштение со кое најави повлекување од Втората Фудбалска Лига што значи дека во Вторник нема да има извлекување од „шеширот“ туку екипите на “Осогово“, „Преспа“ и…

„ФУДБАЛ СТАРС“ ГЕНЕРАЦИЈА 2010 ШАМПИОНИ ВО ЈУГОИСТОЧНАТА РЕГИОНАЛНА ЛИГА
Фудбалската екипа на „Фудбал Старс“ од Кочани, генерација 2010 се новите шампиони во Југоисточната регионална лига. Иако до крајот на првенството треба да се одигра уште едно коло, „Фудбал Старс“ има 8 бодови предност и натпревар повеќе од пред моментно второпласираната екипа на „Рудар 1947“ од Пробиштип. Со 17 победи и само 3 порази и…

ПРОДОЛЖУВА ЖЕТВАТА НА МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“
Во саботата Охрид беше домаќин на традиционалниот карате турнир „Охрид Опен 2025“. Каратистите од Карате Клуб „Кочани“ од Кочани на турнирот учествуваа со 10 натпреварувачи кои освоија 15 медали од кои: 4 златни, 6 сребрени и 5 бронзени. Златните медали ги освоија:: – Алексеј Ристов U10 до 30 килограми, – Лана Ристова U10 +32 килогами,…