По претходно детектиран сериозен дефект на главниот доводен цевковод на улица “Македонска” во Кочани од страна на стручните екипи на КЈП “Водовод” е излезено на лице место.
Во рамките на своите надлежности, вработените во Секторот за водовод и канализација заедно со градежните екипи го лоцираа проблемот и истиот навремено го санираа.
По извршената интервенција и санација на настанатиот дефект на улица “Македонска” во Кочани, корисниците од оваа улица непречено ги добиваат услугите од КЈП “Водовод”.
КЈП “Водовод” – Кочани