КЛИК-КЛАК ИГРАТА СО ЗАШТИТНАТА ОГРАДА КОН ПОНИКВА ПРОДОЛЖУВА

април 25, 2022
1 минути

Клик-клак играта со заштитната ограда кон Пониква продолжува. Како што ни јавуваат дене е втората епизода од оваа култна серија.

Имено посетителите на Пониква денес непријатно биле изненадени кога на патот кон Пониква повторно виделе дека заштитната ограда е извадена.

Ова е втор пат во тековниот месец некој тоа да го има направено а како што вели нашиот извор оградата поединецот ја тргнал по се изгледа за да има каде да си го паркира возилото бидејќи во близина имал направено викендичка.
„Мислам дека се работи за човек на кого некој од власта за да му дозволил да си изгради викендичка а згора на тоа кога сака да ја тргнува и да ја поставува заштитната ограда. Никој нема инаку храброст да ги прави овие глупости ако некој не стои зад него“ вели наш сограѓанин кој и е познат на редакцијата.

Одржувањето на патниот правец Кочани-Пониква е во надлежност на „Македонија пат“.

С. Ивановски