КОЧАНИ ИСТО, НО СЕПАК РАЗЛИЧНО

март 17, 2025
0 минути

Градски Трговски Центар – Кочани, Понеделник, 17.03.2025 година, 12:00 часот, ден по она што никој ниту на сон не можеше да го претпостави, ден кога нешто многу грозоморно му се случи на едно од најубавите градови во Македонија, ден кога по жагорот настана тишината.

Местото изгледа сосема напуштено и нормално е што делува морбидно, а како и не би, па токму на овој простор сите дечиња кои за секунда заминаа во вечноста овде го поминуваа речиси поголемиот дел од слободното време.

Денес ги немаше, ниту еден од нив, денес беше гробна тишина а во саботата нивните насмеани лица, што од убавото време што од викендот во кој влегоа, што од нивната младост.

Жагорот и насмевките за само едно деноноќие ги снема и нема долго време да ги има.

Кочани денес е исто, но сепак многу поразлично

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ