КОМУ МУ ПРЕЧИ ЗАКАЖАНИОТ ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ?

март 3, 2022
0 минути

Одбројувањето започна, до закажаниот протест под мотото „Кочани сака чист воздух! Придружи се и ти!“ остануваат помалку од 48 часа.

Иако протестот е уредно пријавен и зад него стојат поголемиот број од жителите на Кочани кои сакаат само чист воздух и ништо повеќе очигледно е дека некому сето тоа не му одговара.

Имено, денес одредени локации во градот на кои беа поставени плакати за да се што повеќе мобилизира населението изгледаа тажно и зачудувачки. Се нашол некој или некоја група која очигледно е добро „подмачкана“ па дел од плакатираниот материјал го искинал со што испратил јасна порака дека не се заинтересирани жителите од Општина Кочани да живеат во чиста животна средина.

Токму овој вандалски чин на безмозочните наши „сограѓани“ е уште еден предуслов советниците во Советот на Општина Кочани да се отргнат од партиските матрици и час поскоро да донесат одлука градот да почне да се покрива со камери што ќе биде добитна комбинација речиси за сите.

Со или без плакати протестот во сабота  ЌЕ  СЕ  ОДРЖИ!.

С. Ивановски