КОНЦЕРТОТ „НИЗ ТРАДИЦИЈАТА“ ГИ ВООДУШЕВИ ПРИСУТНИТЕ

април 27, 2023
1 минути

Во склоп на манифестацијата „Музичка среда“ синоќа во малата сала на „Мултикултурниот центар“ во Кочани учениците и наставниците од ООМУ „Ристо Јуруков“ одржаа концерт насловен како „Низ традицијата“.

Инаку ова е првиот од неколкуте планирани концерти од манифестацијата „Музичка среда“ чие одржување ќе се случи во  месеците Април и Мај годинава.

Вечерашниот концерт беше посветен на традиционалната музика а учениците и професорите од училиштето свирејќи на традиционалните инструменти допринесоа присутните да поминат уште една прекрасна вечер.

„Нашиот народ треба да се гордее со богата култура која е создавана со векови и постојано се надградува и се пренесува од генерација на генерација. Младата генерација при нашето училиште: класата по традициски инструменти, заедно со ученици од класите по гитара и хармоника, не поведоа низ традицијата. Честитки до раководителот на овој концерт Виктор Постолов (наставник по традициски инструменти), како и на Давид Велков (наставник по хармоника и раководител на хорот) и Зоран Христов (наставник по гитара“ изјавија од ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ