КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ – КОЧАНИ: ВО НЕДЕЛА „МАНДАНА 2025“

мај 12, 2025
1 минути

Во организација на Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани, во Недела во атарот на селото Речани сместено на падините на „Осоговските планини“ во чест на револуционерот илинденец  Стефан Мандалов – Манданата ќе биде организирана втората планинарска велосипедска трка „Манданата 2025“ .

Почеток и тек на патеката: Крушка-Бела Река-Манастир Небоани- Стришко-Мишино-Бела Река-Крушка Патеката е во должина од 25км. а реметраеньето за да се помине  истата е околу 3-4 часа. Ќе се совладува висинка разлика од 890 метри.

ВАЖНО  ЗА  УЧЕСНИЦИТЕ: „Патеката е кружна и се смета за СРЕДНО тешка, секако и во зависност од условите. Оваа година настанот МТБ тура Манданата, ке биде одбелжан во скромни околности поради настанатата ситуациа во Кочани. Настанот поради силна желба на сите ке се одржи со тенденциа да остане традиционален. Патеката е различна од минатогодишната, ке биде пократка и со помалку искачуваье. Котизациа и пријавуванье за учество нема, храна и пиалоци секој си носи сам. На пунктовите на патеката ке има вода за полненье“ истакнуваат од КПС „Осоговски орел“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ