НИТУ ЛОШОТО ВРЕМЕ НЕ ГО СПРЕЧИ ДРУЖЕЊЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА ПОНИКВА

август 13, 2022
0 минути

По облачно време повремено проследено со дожд  на падините на Осоговските планини на „Пониква“ во организација на Здружението на пензионери на Општина Кочани се одржа 14. Републички Собир на пензионери на Македонија.

Околу илјада пензионери од повеќе од дваесет здруженија од Македонија дојдоа на Собирот, а прв ги поздрави Претседателот на Здружението на пензионери од Општина Кочани Ѓорги Серафимов.

По обраќањето на претставникот на СЗПМ  топло добредојде на сите присутни на Собирот им посака Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов кој воедно Собирот го прогласи за отворен.

Иако временските услови не дозволија планираната Програма во целост да се реализира, сепак пензионерите имаа убава дружба.

С. Ивановски