КРСТЕВСКИ, ПОБЕЗБЕДНО И ПОПРАВЕДНО ОПШТЕСТВО Е НАЈМАЛКУ ШТО ИМ ДОЛЖИМЕ НА ЖРТВИТЕ И НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

септември 16, 2025
0 минути

Шест месеци по трагедијата во „Пулс“, тагата останува, болката не стивнува. 

Прекинатата младост, изгубените животи, одземените ближни, ни создаваат уште поголема огорченост од системот кој со години дозволува корупцијата и криминалот да бидат посилни од законот и институциите. 

Оваа трагедија е резултат на нефункционалност, неказнивост и небрежност. Граѓаните имаат право на безбедност, на одговорни институции и на еднаквост пред законот. 

Имаме историска шанса коренито да ги смениме состојбите, да придонесеме за побезбедно и поправедно општество. Должни сме да градиме држава во која владеењето на правото е реалност, а не празна фраза. Тоа е најмалку што им го должиме на жртвите и на идните генерации. 

Нека почиваат во мир нашите незаборавни! 

Венко Крстевски,

в. д. градоначалник на Општина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ]