На 16.07.2026 во 12:10 часот на ул.„Македонска“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода И.Ц.(23) од кочанско. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од И.Ц. и по извршени проверки, било констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување.
На 16.07.2026 во 15:45 часот на ул.„Скопска“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Х.Е.(22) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од Х.Е. и по извршени проверки, било констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување.
На 16.07.2026 во 22:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани лишија од слобода тројца малолетници, сите од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници на ул. „Тодосија Паунов“ сопреле два мопеди и еден мотоцикл, сите со кочански регистарски ознаки, управувани од тројцата малолетници, при што по извршени проверки било констатирано дека возеле без претходно да се стекнат со возачка дозвола.
Соопштение од СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
