ЛОВНОТО ЗДРУЖЕНИЕ „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ ВО СЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ ЌЕ УПРАВУВА СО ЛОВИШТАТА „БАЊЕ“ И „ПОДЛОГ“

март 2, 2026
1 минути

Ве известуваме дека сме повторно корисници во ловиште бр.5 ,,Бање” и ловиште бр.6 ,,Подлог” во наредните 20 години. Благодарност и честитки до сите досегашни и идни членови,и други соработници на Ловно здружение „Осогово“ – Кочани кои помогнаа во остварување на целите и обврските на здружението.

Се надеваме дека соработката и понатаму ќе продолжи и ќе се зачува традицијата за ловење која постои од самото формирање во далечната 1924 година.

Ви благодариме!

Со добар поглед и мирна рака!

Управен одбор на Л.З Осогово – Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ