МАЛИОТ БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ И ЗАСТАРЕНИТЕ ВОЗИЛА МОРА ДА СТАНАТ МИНАТО ЗА ТППЕ – КОЧАНИ

март 28, 2025
1 минути

Трагедијата што се случи во Кочани во раните утрински часови во неделата во која животот го загубија 59 млади животи  (подоцна им се приклучи и возачот на Брзата помош од Општа болница Кочани) како и повеќе од 150 повредени покажа дека нешто не е поставено како што треба во целиот систем изминатите повеќе од три децении.

Освен обезбедувањето, Црвениот крст, полицијата,  здравствените работници, дел од населението кое на лице место ги извлекуваше луѓето и спасуваше што можеше да се спаси беа вклучени и вработените од ТППЕ – Кочани и волонтерите од ДПД – Кочани, на кои подоцна им се приклучија и вработени од ТППЕ – Виница, ТППЕ – Штип, ТППЕ – Пробиштип, ТППЕ – Свети Николе.

Иако со години наназад јавно повикувавме дека бројот на вработени во ТППЕ – Кочани треба да се зголеми со оглед што освен територијата на Општина Кочани во гаснењето на пожарите ја покриват и територијата на општините Зрновци и Чешиново-Облешево сите останаа слепи на напишаното, глуви на слушнатото.

ТППЕ – Кочани веќе неколку години наназад брои 16 вработени со просечна старост од 48 години, за кои државата издвојува блог дотации од 10.400.000 денари за плати и придонеси иако реалната бројка треба да биде минимум 33 пожарникари. Значи пожарникарите во ТППЕ – Кочани работат еден за двајца.

Возниот парк е претежно стар и истиот е набавуван со донации или со меѓусебни соработки за донирање на стари возила кои се тешко и сервисираат и одржуваат во кондиција.

Додека некои други општини преку аплицирање на проекти преку Источниот планински регион добиваат нови возила во општина Кочани како што истакнуваат од единицата не се вклучуваат во тие проекти бидејќи по се изгледа сметаат дека за такво нешто се нема потреба.

Со години наназад земјоделците се глуви на повикот на пожарникарите да престанат да ги палат стрништата бидејќи според бројот на вработени пожарникари тешко да може да се стигне секаде и на време. Земјоделците палењето на стрништата го имаат како некој аманет за кој кога ќе предизвикаат пожар се казнуваат само со 1.5123 денати, односно 50 евра.

Во неделата при гаснењето на пожарот во дискотеката „Пулс“ неколку пожарникари завршија во болница. Командирот на ТППЕ Кочани Драган Апостолов со кола на Брза помош е пренесен на Клиниката во Скопје каде уште се лекува додека преостанатите двајца пожарникари со полесни задушувања се примени во Општа болница – Кочани од каде со одредени терапии на лекување се пуштени дома.

По сето ова што се случи се поставува прашањето, уште што треба да се случи па да надлежните институции почнат да размислуваат за опремување на ТППЕ – Кочани чии вработени со своето ангажирање и пожртвуваност досега спасија голем број на животи и општествен и приватен имот.

Време е, но времето многу бргу помилува.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ