МАЛОЛЕТНИК ЛИШЕН ОД СЛОБОДА, УПРАВУВАЛ МОПЕД БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА И ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВНА НАСОКА

јули 2, 2026
1 минути

На 01.07.2026 во 19:45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани лишија од слобода 16-годишник од Кочани. При сообраќајна контрола на улица „Доктор Николиќ“ во Кочани бил сопрен мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетникот и по преземени мерки и извршени проверки било

констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување и во улица за еднонасочен сообраќај во спротивен правец. За настанот е известен јавен обвинител, а мопедот бил одземен. По целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Известување од СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ