ВО ФУНКЦИЈА И ФОНТАНАТА „ЗРНО“ ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР ВО КОЧАНИ

јули 2, 2026
0 минути

По повторното пуштање во работа на фонтаната во Градскиот парк, активирана е и фонтаната „Зрно“ во Трговскиот центар.

Во изминатиот период на фонтаната беа заменети и обновени нефункционалните делови, по што беше извршено целосно сервисирање и тестирање на системот. Со тоа, уште едно препознатливо градско обележје повторно е ставено во функција и ќе придонесе за поубав и попријатен амбиент во централното градско подрачје.

Како и кај фонтаната во Градскиот парк, нејзиното функционирање не претставува дополнително оптоварување на системот за водоснабдување, бидејќи водата континуирано циркулира преку повратни пумпи, без непотребна потрошувачка.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ