МАТЕЈ ДИВАНИСОВ ДРЖАВЕН ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА ВО ШАХ ДО 8 ГОДИНИ

Во Спорт
јуни 27, 2022
1 минути

Во организација на Шаховската Федерација на Македонија од 18-25. Јуни во Струга во Хотел „Дрим“ се одржа Државното младинско првенство на Македонија во шах за момчиња и девојчиња во категориите до 08, 10, 12, 14, 16 и 18 години.

Гордоста на Кочани Матеј Диванисов и овој пат го покажа својот раскошен талент и ги оправда очекувањата. Настапи во категоријата до 8 години и сосема заслужено го освои првото место со што стана Државен првак на Македонија до 8 години.

Матеј Диванисов кој настапува како член на ШК „Алакалоид“ од Скопје зад себе ги остави Лука Јаневски (ШК Гамбит Ассесеко СЕЕ) и Илон Величков (Гамбит Ассесеко СЕЕ).

Со освојувањето на титулата Државен првак во шах до 8 години Матеј Диванисов се стекна со право за настап на Европското младинско шаховско првенство кое оваа есен ќе се одржи во Турција.

Гордоста е Кочани да има ваков шаховски потенцијал кој поради чудни причини и незаинтересираност на кочанските шаховски работници мора да ги брани боите на клубови од другите градови.

С. Ивановски