МЕЃУНАРОДЕН МЕМОРИЈАЛИЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР ВО СПОМЕН НА НАСТРАДАНИТЕ ВО „ПУЛС“

Во Спорт
јуни 14, 2025
1 минути

Под покровителство на Општина Кочани, а во организација на Градскиот шаховски клуб „Кочани“ и на Шаховската федерација на Македонија, денеска во хотелот „Амор“ во Кочани се одржува првиот Меѓународен турнир во шах во спомен на жртвите од пожарот во „Пулс“ и за хуманитарна помош во третманот на повредените во трагедијата.

Шаховскиот турнир го отвори в. д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски нагласувајќи дека главна цел е шахот да биде што подостапен за младите, за што Општина Кочани обезбедува соодветна поддршка, а од септември Градскиот шаховски клуб „Кочани“ ќе врши уписи на млади шахисти.

115 шахисти од сите клубови во Македонија, како и од Србија и Бугарија играат забрзан шах во 9 кола по швајцарски систем, согласно ФИДЕ-правилата. Шахистите од Црна Гора и Косово не допатуваа, но нивните шаховски федерации испратија финансиска помош за солидарност.

Наградниот фонд за турнирот го обезбеди Општина Кочани, а сите приходи ќе бидат донирани во фондот за загинатите и повредените во пожарот на 16 март во Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ