Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски го именува Мирче Паунов за нов в. д. директор на КЈП „Водовод“ – Кочани.
„Паунов е внатрешно решение за КЈП, со кого заеднички ќе работиме на финансиска консолидација, реорганизација и подобрување на услугите што ги испорачува „Водовод“. Ќе бидеме фокусирани на скратување на сите непотребни трошоци, сѐ со цел „Водовод“ што побрзо да излезе од финансиската криза. Мирче Паунов е чесен човек, кој доаѓа од угледно семејство и верувам дека ќе ја продолжи традицијата на значаен јавен придонес за заедницата. Со назначувањето на Паунов започнуваме со департизација во раководењето и вработувањата и професионално функционирање на јавниот сектор“ соопшти в. д. градоначалникот.
Крстевски најави дека од Државниот завод за ревизија ќе побара вонредна ревизија за работењето на КЈП „Водовод“, кое има долг од околу 3 милиони евра.
Новиот в. д. директор Мирче Паунов е дипломиран машински инженер, со 14-годишно работно искуство во КЈП „Водовод“ како вработен и раководител на Комунална хигиена.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ