По повод 17-тиот роденден на Модниот магазин „Убавина и здравје“ вечерва во „Рагуза Парк“ во Скопје на свечен начин беа доделени годинешните награди и признанија.
Меѓу повеќето добитници на награди и признанија се најдоа и имињата на Сапорт Кочани и возачот на Општа болница со проширена дејност – Кочани, Иле Гоцевски.
Наградата за хуманост му беше доделена на Сапорт Кочани, додека Почесно признание за хуманост му беше доделена на Иле Гоцевски – постхумно.
Наградите ги примија тимот на Сапорт Кочани и сопругата на Иле Гоцевски.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ