Во Среда (18.06.2025 година) во Спортската сала во Оризари со почеток во 19:00 часот закажан е Хуманитарен натпревар во чест на загинатите во пожарот во Кочани.
Под мотото „Хуманост без граници“ натпреварот е со наслов „Играме од срце за Андреј Лазаров, Стефанија Соколова, Андреј Стојанов и Стојанче Стефанов“.
Влезниците се по цена од 200 денари а секој посетител може да донира допочнителни средства по сопствена желба.
Влезниците веќе се пуштени во продажба и истите можат да се набават во: „Prolet bar“, „Cacao Libre“, „Evolution“, „Eden of Doner“ и „The Greenhub“.
Да им оддадеме почит на нашите Ангелчиња.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ