НАЈАВЕНО ОДРЖУВАЊЕ НА ДВОДНЕВНА ОБУКА ЗА МЛАДИТЕ ОД РЕГИОНОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

март 25, 2026
1 минути

Денес во просториите на Феникс центарот во Кочани се одржа прес конференција за настан кој следува, а тоа е одржување на дводневна обука  за младите од регионот и обуки за претприемништво  базирани на светски признатата CEFE методологија.

Целта на оваа обука како што беше истакнато е Кочани да стане централно место за развој на претприемаштвото и иновациите во регионот.

По тој повод Сашко Андонов од Ротари клубот Кочани – Виница изјави:. „Денес не сме тука само да наіавиме настан, туку да означиме нов почеток. Како што ветивме, Ротари Феникс центарот прераснува во јадро на иновации и претприемништво во нашиот регион. Со огромно задоволство го најавувам нашиот прв настан во рамките на „Феникс 2.0“ визијата. Тоа е интензивна дводневна обука за бизнис вештини базирана на светски познатата ЦЕФЕ методологија“

Дводневната обука ќе се реализира во текот на следната седмица, поточно на 3 и 4 Април во Феникс центарот во Кочани а на истата право на учество ќе имаат млади лица на возраст од 18 до 30 години.

Обуката ќе ја водат весна Ефремова – ЦЕФЕ обучувач и Јован Сталевски –Претседател на CEFE Македонија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ