Наскоро, стручниот тим на Психолошкиот центар Алтернатива – Групација Алтернатива започнува со групни разговори – работилници за справување со траума и загуба и за ментално зајакнување, наменети за млади, семејства и професионалци, директно или индиректно погодени од трагичниот настан во Кочани.
Искусни стручњаци, психолози и психотерапевти отвораат простор за разговор, стабилизација, поддршка и справување со емоции. Работилниците се целосно бесплатни и доверливи, со цел да се обезбеди сигурно и безбедно место за младите во Кочани, коишто се борат со емоциите.
Контакт за пријава или дополнителни информации можат да се добијат на телефонскиот број 078 313 306.
Реализацијата на проектот е овозможена од dm Македонија во соработка со стручниот тим на Психолошкиот центар Алтернатива – Групација Алтернатива, со поддршка од Општина Кочани.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ