НАТАЛИЈА КАРОВА ТРЕТА НА ПЛЕЈ-ОФФ НАТПРЕВАРОТ ЗА ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Во Спорт
декември 15, 2024
1 минути

Денес Скопје беше домаќин на Плеј-офф натпреварот каде победниците од секоја категорија обезбедуваа пласман за претстојното Европско Првенство што ќе се одржи следната година во Полска.

Во борба за највисок пласман учествуваа четирите најдобро пласирани од секоја категорија од Државното првенство.

Наталија Карова како единствен претставник од Карате Клуб „Кочани“ настапи во категоријата У-21 до 50 килограми и исто како и на Државното првенство, и овој пат се пласираше на третото место со што го освои бронзениот медал.

Инаку ова е 91 освоен медал за каратистите на „Кочани“ во годината на заминување.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ