НАЗНАЧЕН НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ

јули 4, 2022
0 минути

Денеска во просториите на КЈП „Водовод“ и во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов беше извршено примопредавање на раководната позиција директор на КЈП „Водовод“.

За новоназначен в.д. директор од денеска е Антонио Паунов, којшто доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Иван Иванов.

На денешната средба и разговор, поранешниот директор на новоназначениот ги претстави проблемите со кои се соочува Комуналното јавно претпријатие и предизвиците со кои ќе се соочи во идинина, во најголем дел проблемот со цената на електричната енергија и цената на енергенсите.

Новоназначениот директор Паунов истакна дека неговите досегашни стекнати искуства и знаења кои ги стекнал надвор од неговиот роден град Кочани, сега сите нив сака да ги искористи овде.

„Се надевам дека може да работиме заедно за подобро на претпријатието, но на бенефит на граѓаните на Општина Кочани“ истакна новоназначениот в.д директор Антонио Паунов.

Општина  Кочани