НОВИ АКЦИИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ТРАЈАНОВО ТРЛО И ВО РОМСКОТО МААЛО

декември 5, 2025
0 минути

КЈП „Водовод“ денеска спроведе акции за чистење на нови диви депонии во населбата Трајаново Трло, на потегот над детското игралиште и на неколку локации во Ромското Маало. Интервенцииите опфатија отстранување на различни видови отпад во огромни количини, исфрлен непрописно.

Ова се локации што често се загадуваат и покрај редовните реакции и зголемениот ангажман за одржување на јавната чистота на комуналните екипи. Акциите се дел од тековните напори за подобрување на хигиената во урбаните заедници и превенција од создавање нови депонии.

Од КЈП „Водовод“ апелираат до жителите да го почитуваат редот за отстранување на отпадот со цел да се зачува животната средина уредна и здрава.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ