НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД НАСЕЛБА ОРИЗАРИ

декември 24, 2022
0 минути

Утре (Недела) со почеток во 17:00 часот во Домот на култура Оризари, Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари ќе одржи Новогодишен концерт.

По завршувањето на концертот следува традиционалната богата Новогодишна лотарија.

Сите заинтересирани што ќе изразат желба да учествуваат во Новогодишната лотарија ќе можат тоа да го остварат со купениот талон кој чини 50,00 денари.