Вечерва (Среда) во 19 часот во малата сала на Центарот за култура „ Бели мугри “ ќе биде отворена хуманитарно -продажната изложба на донираните ликовни и книжевни дела, за подршка на настраданите во трагичниот настан што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“.
Повеќе од 100 уметнички и над 300 книжевни дела ќе бидат изложени во повеќе галериски простории во НУ ЦК „ Бели мугри“.
Средствата од секое продадено донирано дело од културните дејци е директна подршка на нашите настрадани сограѓани.
Изложбата ќе биде поставена во наредните 14 дена.
Однапред Ви благодариме за присуството.
НУЦК „Бели мугри“
Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ