„ОБОЈ ГО КОЧАНИ“ – КРЕАТИВНА ДРУЖБА СО УМЕТНИКОТ ПУЧО И ЕВРОПСКАТА УНИЈА

мај 7, 2026
0 минути

На 9 и 10 мај 2026 година, уметничкиот настан „Обој го Кочани“ ќе го претвори градот во простор за креативност, дружба и нова енергија. На Големите скали во Трговскиот Центар со уметникот Пучо, во текот на целиот ден, ќе има содржини што го бојат градот со идеи, уметност и заедништво.

Со Аспарух Михаилов и сите што сакаат да бидат дел од нешто поинакво, овие два дена ќе бидат повод жителите да му дадат нови бои на Кочани.

Проектот е поддржан од Европската Унија, со цел да се поттикне локалната креативност, заедништво и активното учество на заедницата во културни иницијативи.

Се гледаме таму – затоа што градот е најубав кога сите оставаме свој белег!

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ