ОДРЖАН 9. МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ТРАДИЦИОНАЛНИ ЃУРЃОВДЕНСКИ ОБИЧАИ, ПЕСНИ И ОРА“

мај 13, 2022
1 минути

Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, по повод верскиот празник Ѓурѓовден, оваа година од 5-ти до 8-ми мај го одржа 9-тиот Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“.

Беа остварени фолклорни концерти во с. Видовиште на 5-ти мај, Оризари на 6-ти мај и во Зрновци на 7-ми мај со над 700 учесници од Македонија и од странство.

Фестивалот беше збогатен со дефиле на учесниците, традиционални ѓурѓовденски игри во река Масалница во Оризари, традиционални ѓурѓовденски обичаи со биење млеко, правење масло, традиционален ѓурѓовденски зелник, проследено со песни и ора во домот на културата во Оризари.

Проектот е финансиран од Министерството за култура, ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари, Општина Кочани, Општина Зрновци, бизнис секторот од Оризари, Кочани, Зрновци, Виница и Македонска Каменица.