ОО СДСМ – КОЧАНИ: СООПШТЕНИЕ

јуни 8, 2023
1 минути

Почитувани,

Повеќе од една и пол година измина од мандатот на градоначалникот и ДПМНЕ во нашата Општина, а граѓаните од нив не видоа реализација на ниту еден важен проект. Но, затоа денес гордо и бессрамно го прошетаа својот ментор Мицкоски на дел од некакви реконструкции, бидејќи започнато од најавените проекти – нема.

Мицковски жалел што Владата ги казнувала градоначалниците што доаѓале од  редовите на неговата ДПМНЕ!? Немале средства!? Господине Мицковски 90% од општините во државата управувате, добивате евтина струја, цената на комуналните услуги ја покачувате и сега сте немале средства? Нема, но нема затоа што две третини буџет е наменет за партиски вработувања, па дали тоа се одржува? Општините кои ги водите, вклучувајќи ја и нашата се заглавени, со загубени грантови, без реализирани проекти и во долгови.

Се што направи ДПНЕ за овој град се загадување и интензивно чадење на депонијата кон Бели, обраснати тревишта на кејот на Кочанска Река, преполнети контејнери и корпи за отпадоци, ископани улици нафрлени со песок и глувост кон жалбите на своите граѓани!

Сепак за едно сте во право господине Мицковски, граѓаните на Кочани веќе прават разлика. Знаат како се работеше кога СДСМ ја имаше локалната власт, знаат колку, како и каде се инвестираше секојдневно, неуморно и домаќински како што и му доликува на наше Кочани!

Не шетајте по реконструкции, објаснете им на граѓаните каде завршија нивните пари!

Со почит,

ОО СДСМ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ