ПОЧНА ДА СЕ ШПЕКУЛИРА СО ИМИЊАТА ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ

јануари 13, 2022
0 минути

Изјавата на новиот Генерален секретар на СДСМ Миле Зечевиќ: „Следува широк, инклузивен процес на избор на нови раководства во општинските организации на СДСМ“ дадена пред два дена како да го подразбуди заспаниот лав и веднаш почнаа шпекулациите на имињата кој ќе биде новиот Претседател на ОО на СДСМ Кочани, ако и новите членови кои ќе раководат со општинската организација.

Веднаш по изборите се знаеше дека вакво нешто ќе следува во партијата која ги загуби Локалните избори и како единствен потенцијален кандидат за нов Претседател тогаш се спомнуваше Ѓорги Алексов.

Сепак по вчерашниот ден работите станаа малку појасни. Челни луѓе од партијата во угостителски објект на „Пониква“ имаа средба со Миле Андонов. Според нашиот извор средбата била срдечна и траела неколку часа по која можеше само да се претпостави дека со Андонов е разговарано и му е понудена функцијата Претседател на ОО на СДСМ – Кочани.

Информацијата не не остави рамнодушни па во текот на денешниот ден контактиравме со Андонов и на нашето прашање дали тој е идниот кандидат за Претседател на ОО на СДСМ – Кочани кратко ни одговори „Разговаравме за други теми а многу рано е да ви одговорам на вашето прашање.

Сепак одговорот ни ДА ни НЕ ја потврдува нашата претпоставка дека Миле Андонов ќе го наследи сегашниот Претседател на ОО на СДСМ – Кочани, Гоце Серафимов.

С. Ивановски