ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ СО ПРОЕКТ ОД ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА „МУЗИЧКИ БАЛКАНСКИ ВОЗ ЗА МИР“

април 12, 2023
1 min read

Во периодот од 5 до 7 април 2023 година, во градот Пазарџик, Р.Бугарија, беше организиран првиот партнерски состанок на проектот „Музички балкански воз за мир“ од Еразмус+ програмата. Прв ЕРАЗМУС проект за ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани.

Партнери во овој проект се НВО и училишта од РСМакедонија, Бугарија и Грција и тоа:

  • ООМУ Ристо Јуруков Кочани и НВО Здружение за поддршка на економскиот развој – Локална акциона група – Кочани, РС Македонија
  • Здружението „Центар за одржливост и економски развој“ (водечки партнер во проектот)

и СОУ „Димитар Гачев“ од Пазарџик, Р.Бугарија

  • НВО Алтернативен иновативен развој (AID) и Музичкото училиште од Лариса, Грција

На состанокот беа презентирани сите партнери, како и претстојните активности поврзани со проектот.

Главната цел на проектот е да ги запознае учениците од три училишта и нивните наставници со улогата што музиката може да ја игра во зајакнувањето на светскиот мир и да развие чувство на благосостојба кај учениците, нивните наставници и воопшто училишната средина. Проектот е со времетраење од 24 месеци, почнувајќи од крајот на 2022 година.

ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ