ОПШТИНА КОЧАНИ ДОНИРАШЕ 3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА ЦРВЕН КРСТ – ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО НЕСРЕЌАТА

април 17, 2025
0 минути

Конечно се донирани одобрените средства од страна на Советот на Општина Кочани во  износ од 3 милиони денари, наменети за семејствата на починатите и на повредените лица во несреќата што се случи во Кочани пред еден месец.

– Сакам да ја известам кочанската јавност дека и понатаму на различни начини ќе помагаме за закрепнување на настраданите. Воедно, ќе бараме извештај од Црвен крст за сите собрани донации наменети за семејствата на починатите и повредени лица, сѐ со цел да извршиме увид дали сите средства се соодветно распределени – вели в. д. градоначалникот на Општина Кочани.

Крстевски упатува сочувство до семејството на Стојанче Стефанов, кој почина по едномесечно лекување во Белград, Србија и е 62. жртва во трагедијата на 16 март.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ