ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ЗАПОЧНУВА ПРОЦЕСОТ НА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА

септември 30, 2025
1 минути

Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, односно да се имаат предвид потребите на граѓаните, Општина Кочани упатува јавен повик до институциите, здруженија на граѓани и поединци за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности.

Предлозите може да бидат од сите сфери на надлежност на локалната самоуправа:

  • комунални дејности
  • урбанистичко планирање
  • заштита на животна средина
  • локален економски развој
  • образование
  • култура
  • социјална заштита
  • здравствена заштита
  • спорт и млади
  • еднакви можности на жените и мажите
  • поддршка на граѓанскиот сектор
  • меѓународна соработка и
  • други надлежности што се извршуваат согласно стандардите и постапките утврдени со закон.

Потребните податоци, предлог-проектите и активностите со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани: www [email protected].

Поднесоците во електронска форма можат да се достават на е-адресата: [email protected] (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти  за развојни програми од делот на инфраструктурата, комунални работи, урбанистичко планирање и сл.), или преку Едношалтерската  канцеларија на Општина Кочани, најдоцна до 17 октомври 2025 година.

Предлозите од областа на спортот, културата, социјалната заштита и сл. можат да се достават најдоцна до 20 ноември 2025 година.

Сектор за финансиски прашања

Општина Кочан

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ