ОПШТИНА КОЧАНИ ИМА АПЛИЦИРАНО ЗА МЕРКАТА НА ВЛАДАТА ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЛИЦА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ

јули 7, 2025
1 минути

„Општина Кочани има аплицирано по повикот на Владата за активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) – формуларот е уредно испратен“ соопшти в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, по прес-конференцијата на Владата на која беше истакнато спротивното.

„Ја поздравувам оваа пилот-мерка на централната власт и очекувам дека Владата ќе одобри ангажман на 23 лица за превенција од пожари на територијата на Општина Кочани со ридско-планинскиот регион“ додава Крстевски, истакнувајќи ја реалната потреба од вработување на нови 15 професионални пожарникари во Територијалната противпожарна единица – Кочани.

„Исто така ја користам можноста да потсетам дека Општина Кочани веќе пет месеци чека Министерството за финансии да даде согласност за нови вработувања во новата детската градинка „Детелинки“, за коишто се планирани финансии во буџетот“ Ја повикувам Владата час поскоро да ја реши неизвесноста на над 200 родители чии деца се на листата на чекање за згрижување во новата кочанска градинка – потсетува Крстевски.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ