ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРОГРАМИТЕ ЗА КУЛТУРА, СПОРТ И СОЦИЈАЛНА, ДЕТСКА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

ноември 9, 2023
1 минути

Во тек е јавниот повик за поднесување предлог-проекти за програмите за спорт,  култура и за социјална, здравствена и детска заштита, за 2024 година.

Предлог-проектите треба да имаат јасно определени цели, содржина и дефинирани финансиски средства, а може да се поднесат во каква било форма најдоцна до 27 ноември 2023 година во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани.

Општина Кочани ги потсетува спортските клубови, здруженија и поединци корисници на средства од Програмата за спорт и корисниците од програмите за култура и за социјална, здравствена и детска заштита во 2023 година дека треба да достават извештај со детален и документиран приказ за потрошени средства, според образец достапен и на веб-страницата на Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ