Одборот за доделување награди на Општина Кочани го објави јавниот повик за доставување предлози за доделување на двете највисоки општински награди: за значајни остварувања за развојот на Кочани и за животно дело.
Во периодот од 1 до 25 август 2025 г., на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, може да се поднесат образложени предлози за двете награди.
– Наградата за значајни остварувања за развојот на општината Кочани, се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
– Наградата за животно дело се доделува во случаи на исклучителни резултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оцена на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.
Наградите се во форма на плакети.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ