ОПШТИНА КОЧАНИ – ОБЈАВА ЗА ПРОДАЖБА НА КОМПАКТНА БЕТОНСКА ТРАФОСТАНИЦА

август 12, 2024
1 минути

На 29 август 2024 година, со почеток во 12 ч., Општина Кочани ќе реализира електронско јавно наддавање за продажба на компактна бетонска трафостаница.

Трафостаницата e со јачина од 800 kVA, произведена 2017 година и е со проценета вредност од 2.078.700 ден., согласно Извештај за процена на машини и опрема. Висината на банкарската гаранција за сериозност на понудата е 41.574 денари.

Заинтересираните може да побараат увид на предметот на продажба на наведената локација, по претходно закажување на тел. 072 275 605. Лице за контакт Венцо Бојков.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ