ТРИЕСЕТ СТУДЕНТИ ЌЕ КОРИСТАТ СТИПЕНДИИ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

декември 12, 2023
1 минути

Вкупно 30 студенти што ги исполниле условите за добивање општинска стипендија пропишани во Правилникот за стипендирање, ќе бидат стипендисти на Општина Кочани за студиската 2023/24 г.

Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на Конкурсот пристигнале 34 пријави. Од нив 12 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето, 13 – според критериумите за социјално загрозени семејства и петмина студенти се од факултетите за медицински науки.

Четворица од пријавените кандидати не ги исполниле условите да добијат стипендија поради некомплетна документација, затоа што повторувале година или не студираат на државен универзитет.

Стипендиите со месечен износ од 3 илјади денари ќе се доделуваат за период од десет месеци за студиската 2023/24 година.

Одлуката и ранг-листата на општинските стипендисти се објавени на веб-страницата на Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ