ОПШТИНА КОЧАНИ ОТУЃУВА ШЕСТ ПАРЦЕЛИ ДРЖАВНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

август 14, 2024
1 min read

Општина Кочани ја распиша 39. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба шест градежни парцели, од кои четири се со намена индивидуално домување и две со намена за домување на објекти во станбени куќи А1 и Б1 – мали комерцијални деловни намени.

Три од парцелите за индивидуално домување се наоѓаат на улицата „Пиринска“, а една  е на улицата „Крум Вранински“. Површините на парцелите се движат од 260 м2  до 481 м2.

Двете парцели со намена за домување на објекти во станбени куќи  А1 и Б1 – мали комерцијални деловни намени се наоѓаат на улиците „Митко Тодоров“ и „Февруарски поход“ и се со површини 320 м2 и 361 м2.

Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање е до 10 септември 2024 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 12 септември, со почеток од 8 ч.

Почетната цена за сите градежни парцели е 61 денар за метар квадратен.

Целосната објава за продажба на градежно земјиште во државна сопственост е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ