ОПШТИНА КОЧАНИ РАСПИША ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

мај 23, 2025
1 минути

Општина Кочани ја распиша 40. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба седум градежни парцели, од кои шест со намена индивидуално домување и една парцела за хотелски комплекс.

Две од парцелите за индивидуално домување се наоѓаат на улицата „Пиринска“, а по една на улиците „Крум Вранински“, „Боро Ефремов“, „Кирил и Методиј“ и „Боро Ловџија“. Површините се движат од 173 до 438 квадратни метри.

Парцелата со намена хотелски комплекси се наоѓа на ул. „Лазар Андонов“ и е со површина од 12.058 квадратни метри.

Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање е до 23 јуни 2025 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 25 јуни.

Почетната цена за градежните парцели за индивидуално домување е 61 денар за квадратен метар, а за хотелски комплекс – 583 денари за квадратен метар.

Целосната објава за продажба на градежно земјиште во државна сопственост е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани.

Општина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ