„ОСОГОВО“ ТРГНУВА ПО ЦЕЛ ПЛЕН ВО ГОЛЕМО КОЊАРИ

Во Спорт
септември 19, 2025
1 минути

Во Сабота со почеток во 15:30 часот се играат натпреварите од 5-тото коло во Втора Фудбалска Лига.

Кочанскиот второлигаш „Осогово“ по неправдата што му беше сервирана во 4-тото коло кога поради судиските неправди остана без бодови, сега во Големо Коњари патува по целиот плен. Иако некои го сместуваат во групата за испаѓање играчите на „Осогово“ со надигрување во секое коло ќе се борат за секој бод бидејќи само така ќе им докажат на антифудбалските работници дека ќе стигнат до целта.

Инаку во Источниот регион уште два натпревари го привлекуваат вниманието на фудбалските вљубеници.

Во Виница мошне добрата екипа на „Слога 1934“ ја пречекува забревтаната „Беласица“ а во Македонска Каменица гостува Штипска „Брегалница“.

Двојки од 5-тото коло:

Големо Коњари – Осогово

Новаци – Тетекс

Каменица Саса – Брегалница

Преспа – Вардар

Охрид – Кожуф

Скопје – Победа

Детонит Плачковица – Шкенсија (А)

Слога 1934 – Беласица

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ