Вечерва во просториите на НУ Центар за култара „Бели мугри“ во Кочани, беше отворена хуманитарно-продажна изложба,
Изложени се повеќе од 100 уметнички дела и повеќе од 300 книжевни дела чии автори доброволно ги отстапија со надеж дека ќе постигнат добри цени а насобраните средства преку „Support Kocani“ ќе бидат наменети за настраданите од трагедијата во „Пулс“.
Изложбата ќе биде поставена во следните 14 дена во неколкуте галерии во НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани, а оваа Сабота со почеток во 17:00 часот во самата установа ќе се реализира најавената аукција.
Изложбата ја отвори в.д. Градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски. Габриела Стефановска, Директорка на НУ Центар за култира „бели мугри“ потенцираше дека изложбата има и интернационален карактер бидејќи на истата се изложени умернички дела од автори од земји во Европа како и од Америка.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ