Училиштето за цртање и сликање „Бели Мугри“ од Кочани кое работи во склоп на Националната Установа Центар за Култура „Бели Мугри“ – Кочани веќе 12 години под менторство на м-р Александра Димитрова – Стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн успешно опстојува на културната сцена не само во општината туку и пошироко.
Училиштето за цртање и сликање им нуди содржини и знаења на заинтересираните и талентираните ученици на кои им овозможува да ги остварат и освојат ликовните техники, да си го збогатат уметничкото сознание и образование и секако пред сé да си го развијат својот талент.
Училиштето за цртање и сликање со своите талентирани ученици активно учествува на најразлични едукативни работилници, ликовни колонии и изложби.
Во изминатите 12 години успешно се реализира програмата и активностите кои ги имаше зацртано самото училиште. Во училиштето моментно членуваат околу 30 ученика поделени во две групи на возраст од 6 до 18 години.
Во изминатата 2024 година учениците од Училиштето за цртање и сликање „Бели Мугри“ од Кочани зема учество на 12 активности на кои беа прикажани голем број на слики изработени од вештите раце на учениците.
Годинава веќе ја имаа првата изложба која се случи во Петокот во Салон „Фоаје 2“ во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани на која беа изложени околу 100 цртежи работени на слободна тема.
Убавата приказна продолжува
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ