ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ПРВО РЕМИ ЗА КОЧАНЧАНКИ

Во Спорт
март 2, 2025
1 минути

Стартуваа натпреварите во Втора Фудбалска Лига за жени. Се одигра 8-то коло во две победи забележаа домашните екипи а на еден натпревар триумфираа гостите додека дерби натпреварот во кочани помеѓу истоимената екипа и „Билјанинио извори“ од Охрид заврши без победник.

Иако кочанчанки важеа за големи фаворити иако имаа водство од 3:1 сепак на крајот мораа да го поделат пленот со доста добрата екипа од Охрид.

Кочани поведе со голот на Стојановска во 12’ а гостинките изедначија во 18’ исто така преку Стојановска, но од нивните редови. Во 26’ голгетерот на лигата Салихи донесе ново водство за домаќинките и со тој резултат се замина на одмор. Во вториот дел требаше да поминат осум минути па Салихи повторно да запише во листата на стрелците. Но гостинските играчи покажаа карактер, не се предаваа па со головите на Андонова  во 68’ и 83’дојдоа до драгоцен бод кој и те како ќе им користи за борба за една од позициите кои водат кон првата лига.

Резултати од 8-то коло:

Кочани – Билјанини извори  3:3

Порече – Слободен  5:0

Борец – Победа Валандово  4:1

Плачковица – Вардар  0:4

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ