Во НУЦК “Бели Мугри”- Кочани, во салон „Фоаје 2“ синиќа во присуство на љубителите на уметноста беше отворена ретроспективна изложба насловена „60 години творештво“ на уметникот Танас Дедов од Кочани.
На изложба беа поставени дела работени во неговото 60 годишно творештво, односно ликовно патување.
Присутните гости најпрвин ги поздрави Александра Димитрова стручен соработник за визуелни уметности и ја презентираше рецензијата напишана од Ефтим Клетников, која изобилуваше со прекрасни пишани реченици за уметникот Танас Дедов, за неговата работа и неговата личност.
Потоа искрено обраќање имаше и самиот уметник, а на крајот се обрати в. д. Директорката Габриела Стефановска која ги поздрави присутните и уметникот по што му врачи во име на институцијата за која има многу придонесено самиот уметник плакета за „Трајни вредности во културата“.
Убав гест за Дедов, уметникот со кого Кочани се гордее.
Самата изложба беше од хуманитарен карактер.
С. Ивановски