ИО „ЛАСТОВИЦА“ УЧЕСТВУВАШЕ НА ПРОСЛАВАТА НА „СВЕТСКИОТ ДЕН НА ИЗВИДНИЦИТЕ“
Во саботата ( 22.02.2025 година) ИО „Ластовица“ зеде учество на централната прослава за одбележување на „Светскиот ден на извидниците“, која оваа година се одржа во Св,Николе. На настанот нашиот одред го претставуваа група од 40 извидници, двајца водачи и двајца старешини. На самиот настан имаше повеќе од 500 деца и млади од повеќе од 10…
ЧЕТВОРИЦА БОРАЧИ НА „СПАРТАК“ НА НЕКОЛКУДНЕВНИ ПОДГОТОВКИ ВО СОФИЈА
Членовите на БК „Спартак“ од Кочани, Даријан Павлев, Јован Илиев, Филип Ангелов и Павел Темелков во придружба на тренерот Гоце Ангелов заминаа на неколкудневни подготовки во Софија (република Бугарија). Подготовките кои се од големо значење пред престојаните државни натпревари борачите на „Спартак“ ќе ги одработат заедно со борачите од „левски“ – Софија. Подготовките се со…
УЧЕНИЦИ ОД КРИЖЕВЦИ ЗИМУВААТ НА ПОНИКВА
Во рамките на соработката меѓу двата збратимени града Кочани и Крижевци, осуммина ученици од Основното училиште „Људевит Модец“ од Крижевци, Република Хрватска, престојуваат на Пониква. Основците придружени од директорот на училиштето Томислав Богдановиќ и наставничката Сузана Балиќ, велат дека уживаат во убавините на Осоговските Планини. Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети гостите кои…
ВО СРЕДА 50-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
В среда, 26 февруари 2025 година, со почеток во 12 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 59. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки: Давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани Програми за изведување ученички екскурзии и други слободни ученички активности во ООУ „Малина…
ОГРАБЕНА ЗЛАТАРА ВО КОЧАНИ
Денеска (23.02.2025) во 03.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во периодот од 20.00 часот на 22.02.2025 до пријавувањето, со употреба на сила и погоден алат било влезено во златарница во Градскиот трговски центар во Кочани и биле одземени накит и часовници. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот….
ЗЛАТЕН И БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА КИК БОКСЕРИТЕ НА „ЛИДЕР“ НА ЕВРОПСКИОТ КИК БОКС КУП
Во конкуренција на 3000 натпреварувачи од 27 земји кик боксерите на Кик Бокс клубот „Лидер“ од Виница кои ги бранеа боите на репрезентацијата на Република Македонија се закитија со еден златен и еден бронзен медал на штотуку завршениот „Европски кик бокс Куп“ што се одржа во Пловдив (Република Бугарија). Златниот медал супериорно го освои Лука…
„ОСОГОВО“ СО БОД СЕ ВРАЌА ОД СКОПЈЕ
Онака како што ветија пред натпреварот, играчите на „Осогово“ во целост го реализираа. Во Скопје. Кочанчани во рамките на 17-тото коло му гостуваа на „Скопје кое важеше како фаворит на овој натпревар, но „жетварите“ со борбена и дисциплинирана игра одиграа без голови. На „воденицата“ на кочанчани оди и поразт на „Борец“ на домашен терен од…
КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ СО 10 МЕДАЛИ НА „ФУНАКОШИ ГИЧИН 2025“
Во организација на Карате федерацијата на Македонија и на Карате Клуб „Фунакоши Гичин“, во саботата во Скопје се одржа Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин – 2025“. Каратистите од Карате Клуб „Кочани“ имаа мошне добро отворање во новата сезона, бидејќи на турнирот освоија 10 медали од кои: 4 златни, 2 сребрени и 4 бронзени. Златни медали:…
ЌЕ СТАНЕ ЛИ УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ РЕПЕР ЗА ИДНИ ВАКВИ ИНВЕСТИЦИИ?
Конечно, по неколкумесечно реновирање на улицата „Гоце Делчев“ е со нов изглед. Се постави нов асфалтен слој на самата улица, се завршија тротоарите, и како што беше истакнато од надлежните улицата е комплетно завршена. Денес улицата навистина изгледа „импресивно“, заедно со тротоарот повеќе наликува Арабеска, така да големи се шансите во иднина ваквиот склоп на…
„ОСОГОВО“ ПРЕД НОВОТО ГОСТУВАЊЕ, „СКОПЈЕ“ Е ФАВОРИТ, НО ……
Во Сабота со почеток во 14:00 часот се играат натпреварите од 17-тоо коло во Втора Фудбалска Лига. Кочанските „жолто-сини“ се пред нов тежок испит, гостуваат на мошне добрата екипа на „Скопје“ која со триумф на госѕински терен ја започна пролетната сезона. Во „Осогово“ се свесни за квалитетот на нивниот противник, но сепак иако „Скопје“ е…