ПРОНАЈДЕН КОЧАНЧАНЕЦ ВО БЕССОЗНАНИЕ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ПОНИКВА

На 10.12.2025 во 00:35 часот во СВР Штип – ОВР Кочани е пријавено дека во патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки на регионалниот пат Кочани-Пониква во бессознание и без повреди е пронајден Г.А.(46) од Кочани. Тој е пренесен во Комплексот клники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување…

ПОСТАВЕНА ЗАШТИТНА ОГРАДА НА УЛИЦА „14 БРИГАДА“ ВО КОЧАНИ

По иницијатива на членот на Советот на Општина Кочани од Независната советничка листа, Влатко Здравков, решен е долгогодишен и сериозен безбедносен проблем за жители од улицата „14 Бригада“ во Кочани. Жителите со години се соочувале со опасност при движењето поради постоење на провалија, која претставувала директна закана по здравјето и животите на минувачите, а особено…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ НА УВИД НА ИНФРАСТРУКТУРНАТА СОСТОЈБА ВО СЕЛО ТРКАЊЕ

Денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов изврши увид на состојбите во инфраструктурата во селото Тркање. Заедно со претставници од Секторот за градежно земјиште и со советничката од Тркање Милена Јанева, посетија неколку клучни локации во населеното место. При теренската посета, со претставници на Месната заедница Тркање разговараше за приоритетните проекти неопходни за подобрување на…

ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ ОД МАРИНА АРСОВА

Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ во Јавната општинска установа библиотека „Искра“  во Кочани се одржа изложба на цртежи од Марина Арсова. Марина Арсова, професорка по англиски јазик и книжевност, е уметница аматер, која истакнува дека цртањето, покрај  создавање убави нешта, за неа претставува израз на најдлабоки емоции…

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „АЗБУКА НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО“

Во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права, а во рамките на националната кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“, денеска во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ во Кочани се одржа промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ од авторките проф. д-р Наташа Георгиева и проф. д-р Мирјана Јовановска Стојановска. Настанот го…

КАМПАЊА – 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Во рамките на кампањата 16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство, денеска, 9 декември 2025 г., со почеток од 13:30 ч., во ЈОУБ „Искра“ во Кочани ќе се одржи програма што опфаќа промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ од авторките Наташа Георгиева и Мирјана Јовановска Стојановска и изложба на цртежи на тема…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ЕСЕНСКАТА СЕЗОНА ВО ЗНАКОТ НА ТОШЕ МАНОВ

Минатиот викенд завршија натпреварите од есенската сезона во Трета Фудбалска Лига – Исток. Екипата на „Победа“ од Валандово заслужено ја понесе титулата  „Есенски шампион“, но кога е во прашање индивидуалноста  сепак сезоната ја одбележа Тоше Манов кој ја понесе титулата „Голгетер на лигата“. Тоше Манов по десет години поминати во ФК „Осогово“ годинава тој и…

ЖЕНА ИЗМАМЕНА, ЗА ДА И ЈА ТРГНАТ МАГИЈАТА ДВЕ ЖЕНИ И ЗЕЛЕ ПАРИ И НАКИТ

На 06.12.2025 во 17:00 часот во ОВР Кочани, 62-годишна жена пријави дека била измамена од две женски лица. Според пријавеното, во двор од семејната куќа во кочанско село, дошле две жени и на оштетената и рекле дека и е направена магија, а за да и помогнат и побарале накит и пари. Откако им дала пари…

ПРЕМИЕРА НА ДЕТСКАТА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „АЛАДИН И ДЕДО МРАЗ“

Ве поканувамe на премиерата на Новогодишната детска театарска претстава „Аладин и Дедо Мраз“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за пријателството, храброста и магијата во себе, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Петар Крстовски, Павел Стоименов, Николија Ивановска, Јонус Мустафов, Илина Дојчинов, Леона Крстова,…

МРЕЖИТЕ МИРУВАА ВО КОЧАНИ

Откажаниот па повторно закажаниот натпревар од 15-тото последно есенско коло „Осогово“ – „Новаци“ се покажа како психички тежок за играчите од двете страни кои во финишот од есенскиот дел на првенството покажаа доста добра форма. Денес по сончево време и двете екипи иако не постигнаа погодок сепак задоволни заминаа на зимската пауза. Осогово со 24…