ПЕТРОВДЕНСКА ЛИТИЈА

јули 12, 2025
1 минути

Во пресрет на Петровден, по вечерната празнична богослужба во црквата „Св. великомаченик Георгиј“, на која чиноначалствувaше митрополитот Брегалнички г. Иларион, беше организирана литија до Градскиот парк, која заврши со осветување и кршење на празничниот колач.

Упатените молитви за здравје и благосостојба беа придружени и со молитви за загинатите во пожарот во „Пулс“.

„Тие денеска од небото нѐ гледаат и се радуваат и присуствуваат на овој празник на врховните апостоли, коишто ни го проповедаа словото Божјо, апостоли коишто нѐ научија на вистинската вера, коишто нѐ утешија дека човекот не умира, а живее вечно со Христа, апостоли коишто ни го покажаа патот на вистината и на правдата, апостоли коишто ни покажаа дека секој човек е образ, подобие и икона Божја“ рече во своето обраќање пред присутните митрополитот Брегалнички господин Иларион, посакувајќи здравје, мир, спокој, сплотеност, единство, љубов.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ