Екипата на „Але-дар“ е победник на овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал.
На теренот на СРЦ „Бавчалук“, во финалето „Але-дар“ ја совлада екипата на „Исток турс Цуфле“ со резултат 7 : 3. Третото место го освои тимот на „Денка транспорт“. Најуспешните екипи добија ваучери од 60, 30 и 15 илјади денари.
За најдобар играч на турнирот е прогласен Димче Андов, најдобар стрелец годинава е Иса Дурмишов, најдобар голман Марјан Трпков, а најдобар млад играч Славче Живков.
„Им честитам на победниците и им благодарам на публиката и на сите учесници на овој турнир. Годинава имавме рекорден број пријавени екипи, што е мотив догодина турнирот да биде уште помасовен и поорганизиран“ рече в. д. градоначалникот Венко Крстевски при доделувањето на наградите.
Крстевски им врачи благодарници на Љупчо Симовски и Зоран Ѓорѓиев коишто го организираа 23. Петровденски турнир во мал фудбал.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ